Чаир ја запиша осмата победа, Овче Поле СУ не беше закана

Ракометарките на Чаир во натпревар од 10. коло во Женската лига беа сигурни на гостувањето во Свети Николе кај Овче Поле СУ.

Избраничките на Басри Љатифи триумфираа со 35:22 (18:11) и со новите освоени три бода се вратија во игра за првата позиција.

Домашниот тим пружи отпор само во воведниот дел, се друго мина во знакот на гостинките, кои одиграа како на тренинг.

Најефикасна во победничката екипа беше интернационалката од Турција, Озкан Севданур, која постигна седум погодоци, по шест запишаа Бојана Диневска и Марија Галевска.

Кај Овче Поле СУ најефикасна со осум погодоци беше Јована Конева, три помалку постигна Наталија Манева.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080