Голманот на Фленсбург и на босанската репрезентација, Бенјамин Буриќ, од следното лето би можел да го промени клубот.
Според пишувањата на босанскиот „Кликс“, Буриќ се наоѓа на листата на желби на унгарскиот великан ПИК Сегед и од сезоната 2025/26 може да брани во Унгарија. Потенцијален проблем ќе биде активниот договор на Буриќ со Фленсбург, кој трае до 2028 година, но и тоа може да се реши со соодветна оштета.
На голот на ПИК Сегед би требало да го замени ветеранот Роланд Миклер, кој најверојатно уште претстојната сезона ќе остане во клубот.
Буриќ ја започна кариерата во Маглај, а кариерата преку Извиѓач, Борац и Горење, го водеше до Бундес лигата, каде бранеше за Вецлар до 2018 година.
Оттогаш е член на Фленсбург, со кој оваа сезона го освои трофејот во Лигата на Европа.