Една од легендарните ракометарки на Франција, Рафаел Тервел, од следната натпреварувачка сезона ќе биде главен тренер во Брест Бретањ.
Двете страни се договорија на тригодишна соработка, па така Тервел ќе биде на кормилото на Брест Бретањ најмалку до јуни, 2027 година.
Во Брест Бретањ од оваа сезона настапува репрезентативката на Македонија, Ива Младеновска, која со францускиот клуб има договор до 2027 година.
Поранешната ракометарка на француската репрезентација своето тренерско деби го имаше во 2015 година кога седна на клупата на Безансон.
Во Безансон работеше пет години, потоа се пресели во Унгарија, поточно во Ѓер и во сезона 2022/23 беше помошен тренер во унгарскиотклуб.
Тервел важи за еден од главните претенденти за селекторската функција на француската женска репрезентација.
Како што е познато, сегашниот селектор на Франција, Оливие Крумболц, објави дека ќе си замине од репрезентацијата по Олимписките игри во Париз.