Блесок на Чурлевски, но ГРИФК не стигна до финалето на финскиот Куп

Тимот на ГРИФК, каде што настапува македонскиот интернационалец Филип Чурлевски, беше елиминиран во полуфиналето на Купот на Финска.

ГРИФК загуби во полуфиналниот меч од составот на ХИФК со 27-25, иако водеше на полувремето со 13-12.

Чурлевски беше најдобар стрелец на теренот во двете екипи и успеа да постигне девет погодоци во противничката мрежа.

Во финалето на Купот на Финска ХИФК ќе игра со БК-46, кој во полуфиналето го елиминира составот на Кокс.