БИТОЛА СЛАВИ: EУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ПАК Е МАКЕДОНСКИ ШАМПИОН!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер успеаја да ја одбраната титула во македонската Супер лига и втора сезона по ред се шампиони, откако ги совладаа „сино-белите“ од Автокоманда со 32-28. Битолчани со овие три бода, имаат 41 бод на првото место, пред вардарци кои го победија Бутел и сепак останаа на втората позиција со 39. Ова за битолчани е осма титула, а рекордер останува Вардар кој има 15 титули.

Гостите отворија подобро и имаа водство со 3-1, но битолчани набрзина направија пресврт и поведоа со 4-3. Сепак во продолжение се играше гол за гол, и ниту една од екипите не направи повисока разлика. Сепак по 9-9 и нереализираниот пенал на капитенот Кузмановски, Борзаш сам си создаде позиција и погоди, а потоа и Василев беше прецизен откако украде една топка и стрелаше во празен гол.

Гедбан му фати пенал на Серафимов, а на спротивната страна казнaта стигна преку Радивојевиќ исто така од пенал за 12-9. Тимот на Кире Лазаров во продолжение беше комплетно надигран. По неколку неуспешни напади, прими два погодоци на празен гол, беа прецизини Кузмановски, Манасков и Гедбан за највисоки седум плус, 17-10. Гостите побараа тајм-аут, врзаа два гола за 17-12, а на пауза се замина со 18-13.

На стартот на второто полувреме беше 20-15 за момците на Бранко Ангеловски, се заостри играта на теренот и имаше искри. Карасманакис доби директен црвен картон по еден остар старт над Петровиќ, кој мораше да го напушти теренот. Скопјани се доближија на минус три, 20-17.

Еурофарм Пелистер го имаше расположениот Лесјак на голот, но и покрај тоа не реализираше неколку напади по ред и разликата се движеше меѓу два и четири гола предност за актуелниот шампион. На осум минути до крајот кога беше 26-24, Ангеловски побара минута одмор за неговите избраници.

Капитенот Кузмановски со проектил за 27-24 најави дека титулата е на милиметри од Битола, а Радивојевиќ беше непогрешлив од линијата од седум метри. Пелистерци ја задржаа предноста до крајот и славјето со „Чкембари“ за новата титула можеше да почне…

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Радивојевиќ и Манасков со по шест гола, а пет пати стрелаше Манасков, додека кај гостите се истакнаа браќата Митеви со по шест погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130141
2ВАРДАР 196114120239
3АЛКАЛОИД1490530
4ОХРИД1490529
5ТИКВЕШ 20141470722
6БУТЕЛ14301110
7ПРОЛЕТ1430119
8СТРУГА1400140