Екипата на Бенфика, во која настапува Филип Талески, не успеа да обезбеди четвртфинале во Лигата на Европа.
Португалскиот клуб на реваншот против ГОГ загуби со 34:31, а првиот дуел го доби со 33:31, па така данскиот вицепрвак за еден гол си обезбеди место во ТОП 8.
Прв стрелец во победничката екипа беше репрезентативецот на Норвешка, Тобјас Грондал, кој постигна десет погодоци.
Во таборот на Бенфика се истакна Демис Григорз, кој зад своето име имаше седум реализации.
Освен ГОГ, негативата од првата средба ја надмина и францускиот Лимож, кој пред својата публика го доби Луцерн со 36:28.
Првиот натпревар заврши со речиси идентичен резултат, минатата недела швајцарскиот тим беше доминантен со 36:29.
Лимож во победата беше предводен од Игор Турченко, украинецот постигна десет погодоци, а во поразениот табор Марин Шипиќ беше прво име со шест погодоци.