Тимот на Барселона, по трофејот минатиот викенд во каталонскиот Супер Куп, го освои и трофејот во Иберискиот Супер Куп, каде што играат шампионите и освојувачите/финалистите на Купот во Португалија и Шпанија.
Каталонскиот гигант во финалниот натпревар го победи португалскиот првак Спортинг Лисабон со 38-33, а претходно во полуфиналето беше подобар од Порто со 39-31.
Спортинг во полуфиналето ја елиминираше Торелавега, која ја совлада со 30-27, а шпанскиот тим загуби и во битката за трето место од Порто со истиот резултат.
Ова беше трет трофеј за Барса во исто толку изданија на ова натпреварување.
Алеиш Гомез со седум и Аитор Арињо со пет погодоци беа главните стрелци во Барселона, додека кај Спортинг Лисабон, браќата Франциско и Мартим Кошта комбинираа 11 гола.