Азоти се откажа од Бебешко, Остроушко, Пжибилски…

Тимот на Азоти Пулави, чија иднина е доведена под знак прашалник, откако се откажа главнито спонзор, веќе презема конкретни чекори.

Актуелниот стручен штаб на чело со Сергеј Бебешко заминува од клубот, а со него и тренерот на голманите Валентин Кошевој.

Договорите на Владислав Остроушко, Дејвидас Вирбаускас и Давид Феденчак завршија и нема да бидат продолжени.

Покрај нив иако имаа валидни договори, клубот им ги раскина на еден од најдобрите стрелци Рафал Пжибилски и на Камил Конечни.

Нов тренер на тимот ќе биде Патрик Кучински, а кои од играчите ќе останат ќе бидат познато наскоро.

Во Азоти игра некогашниот голман на Прилеп и Охрид, Зураб Цинцадзе, додека од лето таму треба да се пресели десниот бек на охриѓани, Деан Шешиќ.