Атракција во кадетската лигa – прилепчани со цепелин го почестија Скопје (ВИДЕО)

Кадетите на Прилеп во рамки од 7. коло од кадетската лига славеа на гостувањето во Скопје кај истоимената екипа со 34:31. Прилепчани во победата беа предводени од Ангел Ристески со 11, Јован Соколоски со 9 и Павел Лажоски со осум погодоци. Токму најефикасниот Ристески во првиот дел успеа да реализира цепелин во мрежата на домаќините по асистенција на Дино Колески.