Арената во Вараждин зјае празна!

Машката репрезентација на Македонија денеска го игра првиот натпревар од главната рунда на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Но за разлика од претходните средби кога македонските навивачи ја правеа атмосферата одлична во „Вараждин Арена“, сега тоа нема да биде случај.

Високите цени, и тоа дупло од групата што се игра во Загреб, лошите саатници во ручек-време, поплаките за односот на организаторот… придонесоа за лошата посета.

Најупорните“ членови на „Фалангата“ останаа во Вараждин, дел од нив се вратија дома, дел дојдоа за главната рунда, но не се повеќе од 150-200.