Ангеловски: Алборг ни покажа зошто со Кил се најдобрите екипи во групата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар од Лигата на шампионите беа поразени од Алборг со 33:28.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Брнако Ангеловски, го анализираше поразот од данскиот вицепрвак .

,,Одигравме одличен натпревар и да се победи еден ваков ривал треба ние да дадеме 100% од нашите можности, а противникот да нема свој ден. Денес Алборг со својата игра покажа зошто со Кил се најдобрите екипи во оваа група. Исто така, сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи, за нивната поддршка во текот на сите 60 минути. Јас ја чувствувам нивната поддршка, тој ветер во грб.. Натпреварот го изгубивме со неколку промашени зицери и технички грешки, со послаб противник тие грешки немаше да се почувствуваат, но Алборг ги искористи сите наши шанси“, изјави Ангеловски.

Пелистерци во последното коло, во кое ќе атакуваат на првите бодови, ќе се соочат со Колстад.

Пешевски: Го одигравме најдоброто прво полувреме, но отворивме лошо во вториот дел

 

Еурофарм Пелистер поразен од Алборг на последниот домашен меч во ЛШ