Андоновски и Самадреџа во победничка серија

Тимот на Самадреџа, кој е предводен од македонскиот стратег Горан Андоновски, запиша нова победа во косовскиот шампионат.

Самадреџа славеше на гостински терен кај составот на Тереза со 28-25, откако и на полувремето водеше со 18-12.

Во победничкиот тим на Андоновски, настапи и македонската младинска репрезентативка Бојана Радевска, која беше меѓу најдобрите.

Таа постигна четири голови, два од нив во моментите кога Самадреџа ја правеше клучната предност.

Самадреџа сега е на третото место на табелата со 16 бодови.