Тимот на Ѓорче Петров 2 славеше во интересен натпревар над Овче Поле СУ со 34-32 во прволигашката конкуренција.
Сега младите „лавици“ имаат 28 бодови на второто место и се на чекор до бараж за елитата, додека Овче Поле СУ остана на третата позиција со 24.
Домаќинките водеа со 20-13 по првиот дел, попуштија во второто полувреме и гостинките се вратија во повеќе наврати на минус еден.
Сепак немаа сили за завршен чекор и на крајот Ѓорче Петров 2 запиша важни бодови во битката за второто место.
Атлетик е далеку напред со 38 бодови на првото место и веќе е суперлигаш. Најдобра во победничкиот тим беше Ева Ѓорѓиевскс со девет гола, а 11 за составот од Свети Николе даде Јована Конева.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























