Ана Марија Коларовска има нов клуб – за првпат ќе заигра во странство!

Македонската репрезентативка Ана Марија Коларовска е уште една ракометарка во низа што замина од Металург Автокоманда.

Коларовска, која може да игра на сите бековска позиции, за првпат ќе се проба во странство и ќе заигра за тимот на Брод.

Се работи за хрватски тим кој од оваа сезона е дел од елитната конкуренција, а таму ќе биде втората Македонка по голманката Драгана Петковска.

Коларовска ги мина сите младинските категории во националниот тим, а сега е дел од сениорската репрезентација.

Таа беше дел од тимовите на Спартак, Вардар и Ѓорче Петров, пред да се пресели во Автокоманда, а настапите за Брод ќе и бидат први на меѓународна сцена.