Аликанте на Димитриевски ја продолжи победничката серија во Шпанија

Екипата на Хорнео Аликанте, во која настапува Дарко Димитриевски, продолжи со победничката серија во Втората шпанска лига.

Хорнео Аликанте во натпревар од 3. коло за ривал ја имаше Елвиса и успеа да триумфира со 39:21 (19:12).

Велешанецот во дадената минутажа одигра солидно и во мрежата на гостите имаше три успешни реализации.

Тимот на Димитриевски во следното коло на свој терен ќе игра против Триана, потоа го очекува соочувањето со Синфин.