„Ако не си му другар на селекторот, нема да те повика во репрезентација“

Голманот на Вецлар, Тил Климке, иако има забележителни партии во Бундес лигата, сепак, не се најде на поширокиот список кај селекторот Алфред Гисласон за настап на Европското првенство во јануари.

Довчерашниот колега на Филип Кузмановски беше револтиран поради тоа што е изоставен од списокот и упати голема критика кон селекторот Гисласон.

„Треба да бидам внимателен што ќе кажам сега, но, во нашиот ракометен сојуз има многу неуки. И во право сум што го кажувам ова. Се случува доколку не си му другар на селекторот да не те повикаат во репрезентацијата. Дефинитивно ваквата одлука ме направи да се чувствувам огорчен“, коментираше Климке.

25-годишниот голман подоцна се извини преку социјалните мрежи за искажаниот револт.

Гисласон денес го објави конечниот список за настап на континенталниот собир, а на голманската позиција ќе ги има на располагање Андреас Вулф и Давид Шпат.

Гисласон отвори карти – еве ги 19 ракометари на Германија за ЕП