Тимот на Дунајска Стреда, каде што игра македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска, запиша триумф на стартот во Регионалната лига со екипите од Словачка и Чешка.
Дунајска Стреда на домашен терен беше подобра од чешкиот тим Сокол Пишек со 41-29, а победникот беше најавен по првото полувреме кога домаќинките водеа со 19-14.
Јанкуловска беше меѓу најдобрите на теренот и со постигнати шест гола во противничката мрежа беше втор стрелец.
Следен предизвик за македонската репрезентативка и Дунајска Стреда ќе биде домашниот натпревар против чешкиот Кинжварт.

























