Тимот на Аеродром, кој во следната сезона ќе биде дел од прволигашката конкуренција, објави дека се потпишани договори со тројца од кадетите во клубот.
Станува збор за Марко Николов, Бошко Ѓорѓиевски и Лазар Гулевски, кои од септември ќе имаат можност да се пробаат и во сениорска конкуренција.
Претходно тимот предводен од Дарко Петровски се договори и со Иво Петровски, Иван Ќурчиев и Стефан Ристоски.
Од Аеродром најавија и нови млади лица, кои ќе бидат промовирани следниот период и ќе бидат дел од прволигашот од лето.