Грчкиот суперлигаш АЕК Атина ангажираше двајца ракометари од Франција за вториот дел од тековната сезона.
Станува збор за дефанзивецот Фредерик Борегар, кој во својата кариера има настапувано за неколку француски клубови.
На интернационално ниво настапува за репрезентацијата на Конго, па така се очекува да биде солидно засилување во клубот од Атина.
Второто засилување е Адама Сако, игра на позицијата лево крило, а последниот ангажман го имаше во Татран Прешов.
АЕК Атина со новите две засилувања веќе има 16 странци, а еден од нив е екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, Вилсон Дејвис.