„Aко хомосексуалноста остане табу тема во ракометот, многумина ќе го напуштат спортот“

Поранешната репрезентативка на Норвешка, Гро Хамерсенг Един која сега работи како селектор на помладите категории во својата земја е во брак со некогашната репрезентативка Ања Един. Хамерсен ги истакна проблемите со кои се соочуваат хомосексуалците во спортот.

Таа за норвешката TВ2, изјави дека дури и во нивната земја која се смета за многу слободна, хомосексуалците не се слободни да ја кажат својата различност, како во секојдневниот живот така и во спортот.

„Во некои спортови многу малку се оние кои се оторени кон својата различна ориентација од хетеросексуалците. Тие постојат и се надевам дека еден ден ќе се чувствуваат доволно сигурно да бидат многу поотворени во искажувањето на својата определба. Светот на спортот во Норвешка мора да биде многу поразврсен и луѓето мораат да зборуваат за љубовта“, рече Хамерсенг.

Норвежанката се плаши дека доколку хомосексуалноста остне табу тема во спортот може да значи некои луѓе едноставно да го напуштат спортот и ракометот. Хамерсенг живее со својата партнерка Ања Един.