Кадетски репрезентативец ги засили редовите на стружани

Екипата на Струга, која е пред пласман во плеј-оф фазата, ќе биде посилна со уште еден ракометар.

Станува збор за Јулијан Матески, среден бек кој беше дел од Сани и од Охрид, а сега го засили големиот ривал.

Тој веќе дебитираше за тимот предводен од Наум Танески на натпреварот против Тиквеш што стружани го загубија.

Матески настапува и за кадетската репрезентација на Македонија и на турнирот „Трофеј Карпати“ во Романија имаше забележителен настап.

Тој постигна по три погодоци против Романија и Црна Гора, додека четири пати стрелаше против Египет.