Гогов без оправдување: Не бевме на потребното ниво

Вардар остана без бодови во Лигата на шампионите, откако на домашен терен беше поразен од Висла Плоцк со 26-32. Полскиот тим го контролираше натпреварот и заслужено замина од Скопје со победата.

Капитенот Васил Гогов беше искрен по натпреварот и призна дека „црвено-црните“ не биле на потребното ниво, особено во одбраната, каде што недостигале енергија, интензитет и агресивност.

„Го отворивме натпреварот многу лошо. Немам што многу да коментирам. Едноставно, не бевме на нивото на кое требаше да бидеме и ја немавме потребната енергија. Висла одигра подобра одбрана од нас, а нивните голмани имаа повеќе интервенции. Тоа беше пресудно за конечниот резултат и за нашиот пораз.

Не бевме вистински присутни на теренот. Ја немавме потребната енергија, ниту интензитетот и агресивноста што требаше да ги имаме во одбраната. Едноставно, Висла одигра подобар натпревар од нас, ги освои бодовите и тоа е тоа“, изјави Гогов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

Вардар во моментов е без освоен бод и се наоѓа на последното место во групата, но капитенот нагласи дека екипата нема да се откаже, без разлика на математичките шанси за пласман во следната фаза.

„Во моментов сме без бодови и последни сме во групата. Не знам какви се математичките шанси да продолжиме понатаму, но тоа не значи дека ќе се откажеме. Ќе дадеме сè од себе и сакаме да победуваме, без разлика дали имаме шанси за пласман понатаму или не. Доколку не ја поминеме групата, иако тоа беше нашата цел и сите го посакувавме, ќе продолжиме во Лига Европа. И таму ќе дадеме сè од себе за да стигнеме што е можно подалеку“, порача капитенот на Вардар.

▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲.
Со еден клик до сите вести.
🤾