Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 5 коло во женската Лига на шампионите.
Една од двете дерби средби, односно француско-унгарски двобои, ќе помине со македонска арбитража.
Даниело Божиновски и Виктор Начевски, по мечот меѓу Слован и Валур од машката ЛЕ, ќе го судат дуелот меѓу францускиот Брест Бретањ и унгарскиот Ференцварош.
Делегатка на овој натпревар ќе биде Зузана Фулеова од Словачка, а мечот ќе се игра на 10 октомври во „Брест Арена“ од 18:00 часот.
Покрај Брест Бретањ – Ференцварош, во ова коло ќе има уште едно дерби во Лигата на шампионите меѓу Ѓер и Мец.
























