Денеска беше одржана ждрепката за второто коло од ЕХФ Европскиот Куп и беа формирани 32 двојки.
Покрај трите македонски екипи – Охрид, Бутел Скопје и тимот од Автокоманда, Македонија ќе има уште четворица претставници.
Грчкиот ПАОК со Евгениј Темелкоски, кој во првото коло го елиминира Дуделанж од Луксембург, во втората рунда ќе се соочи со Борац Бања Лука од Босна и Херцеговина.
Словенечкиот Горење каде што игра десниот бек Михаил Иваноски ќе има пречка од Луксембург – тимот на Ред Бојс Диферданж.
Ќе има и еден „македонски“ двобој меѓу италијанскиот Сасари каде што игра Томче Стојановски од ова лето и косовскиот Кастриоти чиј тренер е македонскиот стратег Владимир Глигоров.
Првите натпревари од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп се играат на 17/18 октомври, а реваншите се на 24/25 октомври.


























