Хрватски противник стои на патот на Бутел Скопје

Денеска во Виена се одржа ждрепката за второто коло од ЕХФ Европскиот Куп во машка конкуренција.

Тимот на Бутел Скопје во петтиот настап во Европа, а трет во ЕХФ Европскиот Куп, ќе се соочи со ривал од Балканот.

Станува збор за хрватската екипа Горица, која во последното коло од домашниот шампионат го победи вицепрвакот Сесвете.

Првиот натпревар е на програмата на 17/18 октомври во Хрватска, додека реваншот ќе се одигра на 24/25 октомври во Македонија.