Јанеска најефикасна – Бурса го доби македонскиот двобој во Турција!

Македонската репрезентативка Моника Килдан Јанеска и нејзиниот тим Бурса го добија дербито на 2 коло од турскиот шампионат.

Во „македонскиот“ двобој против Ускудар, каде што игра Андреа Седлоска, Бурса славеше со 30-25.

Бурса беше предводена од Килдан Јанеска, која успеа да погоди осум пати во противничката мрежа.

Седлоска исто така имаше добра партија и постигна пет погодоци, па ваквите партии се добра вест за селекторот Игор Марковиќ пред „Трофеј Македонија“ и Европското првенство.