ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Илиќ во Тулуз до 2030, Ловќен купи екс „кумановец“, Вистороп потпиша за АЕК

  • Средниот бек Филип Вистороп, кој беше понуден и на некои од македонските екипи, во новата сезона ќе ги брани боите на АЕК Атина. Хрватскиот среден бек беше дел од Вецлар, а претходно играше и за Загреб.
  • Поранешниот српски репрезентативец Немања Илиќ го продолжи договорот со неговиот тим Тулуз до 2030 година. Ако го одработи докрај, тоа ќе бидат комплетирани 14 сезони за Илиќ во Тулуз, со исклучок на една сезона во Барса.
  • Некогашниот лев бек на Куманово, Вучко Мрвовиќ, ќе биде дел од црногорскиот шампион Ловќен Цетиње во новата сезона. По заминувањето од Куманово, тој играше во повеќе српски клубови, а сега одново станува интернационалец.
  • Поранешниот лев бек на екипата на Тиквеш, Спасоје Гачевиќ, во новата сезона ќе игра во екипата на Макаби Реховот од Израел. Гачевиќ во татковината го носеше дресоот на Црвена Звезда, а играше за Бурса, Слован Љубљана, Изола…
  • Исландскиот среден бек Олафур Гудмундсон, иако планираше да ја заврши кариерата, сепак ќе заигра одново за шведскиот тим Кристијанштад. Тој играше за Карлскрона минатата сезона, но пропушти долго време поради повреда, а сега одново се врати во Кристијанштад, каде што играше во минатото.