Српскиот шампион Партизан загуби на премиерата во Лигата на шампионите од Фуксе Берлин со убедливи 44-33.
Финалистот на најелитното европско клупско натпреварување уште по десетина минути го реши прашањето на победникот во салата „Пионир“. Партизан водеше со 4-3, но Фуксе Берлин направи серија од шест гола набрзина за 9-4 и му стави до знаење на тимот на Раул, кој е кој на кој меч.
Да не беше голманот Чордалија уште повисока ќе беше негативата на Партизан. Раул повика тајм-аут, но неговите момци сакаа за кратко време да ги завршуваат нападите, па промашуваа Иванов, Лумбросо, кој направи и неколку технички грешки. За тоа време, Фуксе Берлин само ја зголемуваше разликата во своја корист и на паузата водеше со 23-15.
Второто полувреме беше само формално одработување на задачата и немаше премногу возбудувања во „Пионир“ кој беше солидно исполнет. Кулеш, Вагнер и Црноглавац со по шест гола беа најдобри кај Партизан, а девет гола за Фуксе Берлин даде Гидсел, додека Паличка запиша 13 одбрани.
Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед немаше проблеми против шведскиот Кристијанштад и успеа да слави со убедливи 42-31. Некогашниот играч на Вардар, Дмитро Горига даде пет гола, шест пати стрелаше Марио Шоштариќ, а девет пати погоди Магнус Род. Голманите Никола Портнер и Роланд Миклер комбинираа десет одбрани. Кај Кристијанштад се истакна Халбак со пет гола.
Францускиот Монпелје ги освои бодовите на гостински терен кај незгодниот Динамо Букурешт, откако славеше со 27-23. Домашните успешно парираа, во одредени моменти имаа и водство, но во финишот паднаа во ритамот, голманот Дебоне кој имаше 13 интервенции беше меѓу клучните за триумфот на Монпелје. По шест гола за победничкиот тим дадоа Вијмино и Балагер, додека кај Динамо Букурешт исто толку постигна Лангаро.
Лига на шампиони, 1 коло:
група А
Веспрем – Порто 36-28
Партизан – Фуксе Берлин 33-44
група Б
Нант – Висла Плоцк 26-25
10/09, 20:45, Мелсунген – Вардар
група Ц
Алборг – ПСЖ 33-33
Загреб – Целје 31-29
група Д
ПИК Сегед – Кристијанштад 42-31
10/09, 20:45, Спортинг Лисабон – ГОГ Гудме
група Е
Барселона – Скандерборг Архус 39-28
Динамо Букурешт – Монпелје 23-27
група Ф
Келце – Криенс Луцерн 30-29
Магдебург – Колстад 37-22

























