ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Шампионот на дерби со Чаир, почнува ЛШ со седум двобои

Супер женската лига започна минатиот викенд со два меча, но дербито од првото коло меѓу шампионот Ѓорче Петров и вицепрвакот Чаир ќе се одигра денеска поради натпреварите на нашите екипи во Регионалната лига.

Двете екипи менуваа многу во ростерите во текот на летото, па денешниот дуел ќе биде добредојден за двајцата тренери да видат со каков квалитет располагаат за претстојната сезона и на кои ракометарки ќе може да се потпрат.

Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Чаир се игра во салата „Христо Батанџиев“ од 17:00 часот, а од 19:00 часот во салата „Круме Кепески“ ќе биде одигран натпреварот меѓу Вардар и новиот суперлигаш Ѓорче Петров 2.

Денеска стартува и новата сезона во Лигата на шампионите со седум средби, а најмногу внимание предизвикуваат средбите Загреб – Целје, Нант – Висла Плоцк и Алборг – ПСЖ, додека европскиот првак Барселона на стартот кон одбраната на титулата ќе игра дома со данскиот Архус.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЧАИР (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 (МАКЕДОНИЈА)
18:45 ВЕСПРЕМ – ПОРТО (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 АЛБОРГ – ПСЖ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 КЕЛЦЕ – ЛУЦЕРН КРИЕНС (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ЗАГРЕБ – ЦЕЛЈЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 БАРСЕЛОНА – СКАНДЕРБОРГ АРХУС (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 МАГДЕБУРГ – КОЛСТАД (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 НАНТ – ВИСЛА ПЛОЦК (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)