ЖРК Спартак од Кисела Вода го освои трофејот на второто издание на меѓународниот меморијален турнир „Андреа Ампова“, кој се одржа во Делчево.
Во финалето, Спартак и домаќинот Делчево одиграа неизвесен натпревар кој по регуларните 60 минути заврши 13-13. Победникот беше решен по изведувањето на пенали, каде ракометарките на Спартак беа поуспешни и славеа со 16-14.
Во натпреварот за третото место, Илинден Вардар го совлада Астибо од Штип со 21-15 и го освои бронзениот медал.
Петтото место му припадна на Пирин од Бугарија, кој во директната пресметка за пласманот беше подобар од Топличанин од Србија со минимални 11-10.
Турнирот во Делчево и годинава понуди интересни и неизвесни натпревари, а финалето беше решено дури по пенал-серијата.

Индивидуални награди
Најдобар стрелец: Катарина Ракиќ – Спартак со 29 гола
Најдобар играч: Јана Миленкоска – Илинден Вардар
Најдобар голман: Леонтина Зафуковска – Делчево
❗❗ Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…
























