Дамјаноска со одлично деби за Таргу Муреш

Македонската репрезентативка Катерина Дамјаноска имаше одлично деби за романскиот Таргу Муреш на официјален натпревар.

Иако Таргу Муреш загуби на гостувањето кај Таргу Жиу со 34-25, сепак кружниот напаѓач се претстави во одлични издание.

Во мечот од првото коло во романскиот шампионат, Дамјаноска беше втор стрелец во поразената екипа и успеа да постигне четири погодоци од пет обиди.

Следен предизвик за македонската репрезентативка и нејзиниот тим ќе биде гостинскиот меч кај Баја Маре на 6 септември.