Им нема рамен – Крим со деветти трофеј во деветтиот Супер Куп на Словенија

Новата ракометна сезона во Словенија започна со натпреварите од Супер Kупот, а Крим Љубљана повторно ја потврди доминацијата во женска конкуренција.

Крим убедливо го совлада тимот на Млинотест Ајдовшчина со 45:28 (20:11) и стигна до својата деветта Суперкуп титула, со што останува со неверојатен учинок од 100% во досегашните изданија на ова натпреварување.

Крим по дваесетина минути веќе имаше предност од шест гола (15:9), а на паузата замина со убедливи 20:11. Во второто полувреме немаше неизвесност, а словенечкиот гигант рутински ја потврди победата.

Најефикасна кај Крим беше Елеонора Станковиќ со осум гола, додека Нина Зулиќ и Ема Марија Марковиќ постигнаа по седум.

За Крим ова беше одлична генералка пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, каде што следниот викенд ги очекува дуел со ЧСМ Букурешт.

Во полскиот Супер Куп, Лублин по пеналите беше подобар од Заглебје со 31-30, додека во Австрија, Хипо без поголеми проблеми славеше против Ацгерсдорф со 33-27.