Квартет новајлии во амбициозниот Драчево Јуниор

Тимот на Драчево Јуниор ангажираше четворица нови ракометари пред стартот на новата прволигашка сезона. Тренерот Велимир Настески ја имаше првата прозивка со ракометарите кои останаа и за претстојната сезона, но и новајлиите.

Меѓу новите ракометари во амбициозниот прволигаш се средните бекови Томче Пецаковски од Еурофарм Пелистер 2 и Теодор Пецановски, кој доаѓа од Автокоманда, а оттаму доаѓаат и голманот Филип Николовски и левиот бек Томислав Стаменков.

Амбициозниот прволигаш пред три сезони играше бараж за Супер лигата, а минатата сезона ја заврши ТОП 3. Во новата сезона Драчево Јуниор ќе биде дел од Првата лига со уште 13 други екипи, а првото коло ќе се игра на 12/13 септември.

Момците на Настески ќе стартуваат со дерби двобој на домашен терен против Вардар Неготино, уште еден кандидат за врвот во Првата лига.