Тимот на Вардар Неготино во новата сезона од прволигашката сезона ќе влезе амбициозно со нов шеф на стручниот штаб – на клупата седнува Аце Станковски.
Ова е практично камбек за Станковски во Неготино, откако работеше таму во сезоната 2021/22.
Станковски минатите три сезони ги водеше младинските категории во Куманово и имаше одлични резултати, а потоа беше предводник и на сениорската екипа.
Тој е поранешен македонски репрезентативец, кој има големо тренерско искуство во повеќе клубови.
Покрај селекторската функција во женската кадетска селекција, работеше во Вардар Јуниор, Вардар и ЖРК Вардар, како и во тимот на Скопје, а го водеше и косовскиот Кастриоти.
Неготинци ги задржаа скоро сите ракометари кои ја завршија сезоната во Првата лига, а досега го донесоа десното крило Мартин Димов.























