Македонскиот шампион Вардар на 27 јули ќе ги стартува подготовките за новата сезона во која се враќа во Лигата на шампионите.
Иван Чупиќ ќе ги собере ракометарите на 27 јули во Скопје, потоа една недела тимот ќе биде на подготовки во Маврово од 3 до 10 август.
Потоа вардарци ги чека настап на турнирите во Струга и Охрид од 12 до 15 август, односно од 18 до 22 август.
Првиот официјален натпревар ќе биде на 17 август од 17:00 часот против српскиот вицепрвак Војводина во Охрид од регионалната лига, а на 2 септември ќе се игра дуелот со Охрид од Супер Купот.
Вардарци ова лето се подновија со Милан Бомаштар, Мохаб Абделхак, Леон Љевар, Матео Фадуил, како и младите Македонци – Бобан Поповски, Марко Ѓорчески и Никола Нечовски.
























