Дебитанти, поранешни суперлигаши, староседелци…14 екипи ќе бијат битки за Супер лига!

Во претстојната сезона во Првата машка лига ќе се натпреваруваат 14 екипи, кои ќе играат еднокружно, односно вкупно 26 кола, по кои ќе биде познато која екипа ќе се пласира во елитната конкуренција, а која ќе игра бараж за Супер лигата.

За првпат во прволигашката конкуренција ќе настапат тимовите на Сокол Саса од Македонска Каменица и Илинден. Овие два клуба ќе им се приклучат на уште 12 екипи, меѓу кои ќе биде и Радовиш, кој минатата сезона играше во Супер лигата.

Во споредба со минатата сезона го нема тимот на Кичево, како и Младост Богданци и „витамините“ од Автокоманда кои се пласираа во Супер лигата.

Историски момент за Македонска Каменица – формиран првиот ракометен клуб

ЕКСКЛУЗИВНО: Македонски репрезентативци формираа свој клуб!

Во лигата остануваат се екипите кои последните неколку сезони конкурираат за врвот – Драчево Јуниор, Македонија Ѓорче Петров и Вардар Неготино, а оваа сезона во прволигашката конкуренција ќе игра и екипата на Пролет, која поради откажувањето на главниот спонзор реши да игра ранг подолу.

Тука се и екипите на Преспа, Аеродром, Овче Поле, Текстилец, Шампион, Јехона и Партизан Гевгелија, па не очекува интересна прволигашка сезона, која би требало да стартува во вториот викенд од септември.