Браќата Илиевски ја добија првата задача на ЕП

Македонските судии Михајло и Методија Илиевски веќе во првото коло од младинското ЕП во Романија добија задача – ќе ја делат правдата на дуелот Унгарија и Чешка во рамките на Ф групата.

Нашите судии се номинирани да бидат дел од ова ЕП, и ќе бидат во групите кои се играат во Клуж и Турда.

На ЕП учествуваат 24 репрезентации, поделени во 6 групи. По првата фаза првите две репрезентации продолжуваат во разигрувањето за пласман од 1 до 12 место, а другите од 13 до 24.

На ЕП настапува и Македонија која е во група со Норвешка, Данска и Хрватска.

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________