Ќе има честење кај бутелци – капитенот Ѓеоргиевски не е веќе ерген!

На капитенот на Бутел Скопје, Димитар Ѓеоргиевски, и неговата идна сопруга, ова лето засекогаш ќе им остане во сеќавање.

Ѓеоргиевски реши да ја побара за сопруга долгогодишната девојка Ивона Бојковска, а доби потврден одговор.

Честитките се редеа една по друга на социјалните мрежи, а Ѓеоргиевски сигурно ќе има повод за честење на стартот на подготовките со Бутел Скопје.

30-Годишниот среден бек ќе ја започне десеттата сезона во тимот на Бутел Скопје и е единствениот ракометар што е во клубот откако е формиран во 2017 година.