Хероината на Кометал Ѓорче Петров си замина од Валчеа

Една од најдобрите голманки во историјата на женскиот ракомет, Луминица Дину, повеќе не е дел од стручниот штаб на романскиот прволигаш Валчеа.

Хероината на Кометал Ѓорче Петров од историското финале со Херц Ференцварош во 2022 година од Лигата на шампионите е дел од промените во клубот.

Валчеа соопшти дека по истекот на договорот, кој траеше до јуни 2026 година, е донесена одлука да се направат промени во стручниот штаб во пресрет на новата сезона.

Дину е вистинска легенда на европскиот ракомет и добро познато име за македонската јавност. Во својата богата кариера освои вкупно три европски титули – две со Крим Љубљана (2001 и 2003) и една со Кометал Ѓорче Петров (2002), а беше прогласена за најдобар голман на светот во 1999 и 2005 година.

Со репрезентацијата на Романија одигра 199 натпревари, а најголемиот успех го постигна со освојувањето на сребрениот медал на Светското првенство во 2005 година, кога беше избрана и за најдобар голман на шампионатот.