Кузманоски и четворица македонски ракометари дел од кампот „Таленти“ во Врбас

Актуелниот селектор на кадетската репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, кондицискиот тренер на Охрид, Андрија Њаради, како и четворица македонски ракометари се дел од третото издание на кампот „Таленти“ што се одржува во Врбас.

На овој камп што се одржува неделава, младите играчи имаат можност да научат многу работи од врвните ракометни стручњаци, кои своето знаење и искуство ќе им го пренесат преку различни методи на предавање.

На кампот има многу ракометари од повеќе балкански и други земји, а меѓу нив се и нашите Димитар Босилковски, Емануел Вумвалакис, Методи Младеновски и Андреј Јаневски, кој игра во Швајцарија.

Се работи индивидуално низ специјални тренинзи по позициите, има психилошки работилници, тестирања и работа на физичкиот развој. Координатор на овој камп е Аким Комнениќ, а директор Ненад Вучковиќ, кој беше дел од славната генерација на Србија што освои бронза на ЕП 2012.

Во тренерскиот тим се селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, кој работи со бековите заедно со Данијел Анѓелковиќ, Момир Илиќ, а меѓу останатите предавачи се Никола Мариновиќ, Иван Никчевиќ, Ратко Ѓурковиќ…додека за физичката подготовка се грижи кондицискиот тренер на Охрид, Андрија Њаради.

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________