Шведскиот ас Јим Готфридсон, кој во текот на пролетниот дел од сезоната остана без клуб, има неколку опции за продолжување на кариерата.
Иако се споменуваше камбек во Фленсбург, сепак таму оди Ајмерик Мин, па тешко е за верување дека Готфридсон ќе се врати во клубот каде мина долго време.
Според „RTHandball“, Готфридсон е на мета на Рајн Некар Левен, но и на данскиот прволигаш ХОЈ, каде летово дојдоа Ласе Андерсон и Јаник Грин.
Шведскиот среден бек доби отказ од ПИК Сегед среде сезона со изговор дека не го дал на теренот тоа што се очекувало од него, а тој најави дека ќе ја бара правдата на суд.

























