Олимпијакос прави силен тим – доаѓа уште еден некогашен вардарец!

Хрватот со романски пасош, Анте Кудуз, е нов ракометар на грчкиот шампион Олимпијакос, со кој потпиша договор на една сезона.

Некогашниот вардарец, кој играше во Скопје во сезоната 2021/22, доаѓа во Атина од францускиот Дижон, каде што ја мина последната сезона.

Левиот бек е вториот поранешен член на „црвено-црните“ по Матија Николиќ, кој ова лето го засили тимот на Олимпијакос.

Кудуз потекнува од Осијек, играше за Вараждин пред да замине за францускиот Дижон, беше дел од швајцарскиот Винтертур, а од 2018 година го носеше дресот на Динамо Букурешт, со исклучок на полусезоната што ја мина во Вардар во 2021 година.

Потоа се врати во Романија, остана до 2025 година, пред одново да го облече дресот на Дижон, од каде се сели во Грција.

Олимпијакос го задржа италијанскиот стратег Рикардо Трилини, а допрва се очекуваат уште нови имиња. Од клубот заминаа Иван Слишковиќ и Савас Савас.