Од Андријевица и Комови до полскиот гигант – Бакиќ потпиша за Келце!

Полскиот великан Келце го претстави новото засилување за следните две сезони. Станува збор за 21-годишниот црногорски лев бек Милорад Бакиќ, кој потпиша договор до летото 2028 година.

Бакиќ важи за еден од најталентираните млади ракометари од Црна Гора. Висок е 198 сантиметри и е препознатлив по силниот шут од далечина, а досега настапуваше за шведскиот Гуиф, од каде што го направи трансферот во полскиот гигант.

Во Келце веруваат дека Бакиќ има голем потенцијал и дека постепено ќе се развива во еден од носителите на играта во иднина. Црногорецот ќе има можност да настапува во најсилните европски натпреварувања и да стекне драгоцено искуство во дресот на еден од најреномираните клубови на Стариот континент.

„Многу сум среќен што доаѓам во клуб со ваква традиција и амбиции. Ќе дадам сè од себе за да напредувам и да му помогнам на тимот да ги оствари своите цели“, порача Бакиќ по потпишувањето на договорот.

Бакиќ потекнува од составот на Анријевица, играше за Комови и Ловќен во татковината, пред да се пресели во Шведска.