Војводина остана без Салдаценка, Пушица, Вуковљак, Јовановиќ…

Српскиот вицепрвак Војводина во новата сезона влегува со реновиран и подмладен тим, но и со значително помал буџет во според со досегашниот.

„Црвено-белиот“ дрес на тимот од Нови Сад нема веќе да го носат искусните Младен Крсманчиќ (Лозница), Миљан Пушица, Миљан Вуковљак (Југовиќ), потоа голманот Вјачеслав Салдаценка, Матија Николиќ, Милан Јовановиќ, јапонскиот репрезентативец Југа Еномото, пивото Андрија Станков (Нексе Нашице)…а замина и тренерот Владан Матиќ.

Војводина е противник на Вардар и Охрид во групата Б од регионалната лига, а ќе биде дел и од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ од 18 до 22 август.

Тимот од Нови Сад ќе игра и во европските купови наредната сезона, а таму остануваат Марко Срдановиќ, Милан Милиќ, Фран Милета, Коста Диздар…додека во клубот се очекуваа промоција на нови имиња во следниот период.

Војводина тргна во реконструкција – договорени три засилувања за новата сезона