„Не сакаме да бидеме само набљудувачи во групата со Вардар, Нант и Висла“

Ривали на Вардар во претстојната сезона во Лигата на шампионите ќе бидат францускиот Нант, германскиот Мелсунген и полската Висла Плоцк.

Спортскиот директор на Мелсунген, Јеспер Ларсон, со голем оптимизам гледа кон дебитантската сезона на германскиот клуб во Лигата на шампионите.

„Не размислувавме многу за тоа кого ќе го добиеме за противник. Пресреќни сме што сме дел од Лигата на шампионите. Со голема почит и скромност ќе им пристапиме на сите предизвици“, изјави Ларсон.

Сепак, тој нагласи дека Мелсунген нема намера да биде само учесник во елитното натпреварување.

„Не сакаме да бидеме само набљудувачи во групата со Вардар, Нант и Висла. Нашата цел е успешно да ја минеме групната фаза и да обезбедиме место во главната рунда. Потоа ќе видиме до каде можеме да стигнеме“, додаде спортскиот директор на германскиот клуб.

Вардар во новата сезона тргнува токму со гостување кај Мелсунген на 9/10 септември.

____________________________________________________________________________________________________
 ▶▶▶ Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________