Вардар ќе игра против францускиот Нант, полската Висла Плоцк и германскиот Мелсунген во новата сезона во Лигата на шампионите.
Најголеми промени во ростерот имаше кај Мелсунген бидејќи заминаа дури деветмина од ракометарите, иако најголем дел од нив не беа во преден план кај Роберто Гарсија Парондо.
Германскиот тим се засили со Даниел Душебаев на левата бековска позиција, донесе и шпанско крило – Гарсија и швајцарски среден бек – Сигрист, но најголемо засилување е репрезентативецот Јоханес Гола од Фленсбург.
Полскиот вицепрвак не правеше многу промени – столбот на одбраната Терзиќ замина во пензија, додека белорускиот талент Самоило се пресели во Словенија. Големо засилување треба да е левото крило Бјере, кој беше меѓу најдобрите стрелци во минатата сезона во Лигата на шампионите.
Кај Нант, седум ракометари заминаа, седум дојдоа. Голема загуба е заминувањето во пензија на ветеранот Ривера, како и трансферот на најдобриот играч Мин во Бундес лигата. Бос оди во Келце, додека пивотот Јошида доаѓа во Охрид.
Триото на бековската линија – Турченко, Норлик и Гарсијандија, треба да донесе нова свежина во тимот, а данскиот пивот Антонсен стабилност во одбраната.
Вардарци ќе ја стартуваат новата сезона со гостување кај Мелсунген на 9/10 септември, а потоа ќе го пречекаат Нант на домашен терен, со кој на гости ја завршуваат групната фаза.
ВИСЛА ПЛОЦК
дојдоа:
Марсел Јажебски (Нексе Нашице)
Фредерик Бјере (ГОГ Гудме)
Матеј Хавран (Татабања)
заминаа:
Војчех Боруцки ?
Марсел Срочик ?
Кирил Самоило (Слован Љубљана)Ж
Мирсад Терзиќ (пензија)
МЕЛСУНГЕН
дојдоа:
Јоханес Гола (Фленсбург)
Лука Сигрист (Криенс Луцерн)
Даниел Гарсија (Бидасоа Ирун)
Даниел Душебаев (Келце)
заминаа:
Арнар Арнарсон (Фленсбург)
Амин Дармул (Штутгарт)
Бруно Ејкоф (Лудвигсхафен)
Алешандре Калваканти ?
Марти Солер (Вецлар)
Владислав Кулеш (Партизан)
Ласло Бартуц (Вецлар)
Павел Кравчик (Лудвигсхафен)
Јонас Рике ?
НАНТ
дојдоа:
Кристофер Бонде (Скјерн)
Игор Турченко (Лимож)
Виктор Норлик (Морс)
Иманол Гарсијандија (ПИК Сегед)
Рене Антонсен (Алборг)
Андре Венкегеу (младинци)
Лука Периќ (Целје)
заминаа:
Игнасио Биоска (Гумерсбах)
Валеро Ривера (пензија)
Ајмерик Мин (Фленсбург)
О’Брајан Њиате ?
Жулиен Бос (Келце)
Тео Авеланж Демуж (Трембле)
Шуичи Јошида (Охрид)






















