Кузманоски направи прв рез – 21 ракометар во конкуренција за ЕП

Селекторот на машката кадетска репрезентација, Горан Кузманоски, го објави скратениот список на ракометари на кои ќе смета за подготовките и за ЕП во Србија.

Кузманоски на скратениот список има 21 ракометар, меѓу кои се и оние кадети што ќе бидат дел од младинската репрезентација на ЕП во Романија.

Подготовките на кадетите почнуваат на 6 јули, а конечниот список на патници за ЕП ќе бидат познат пред патот за Србија.

Единствен интернационалец е Андреја Угреновиќ од германскиот Ерланген, а во комбинација не е повреденото десно крило Јован Петрески.

Останатиот дел е оној стандардниот, кој играше во квалификациите, на Медитеранското првенство во Словачка, како и на СП во училишен ракомет.

Македонија е во група со Шведска, Словенија и Франција на континенталниот собир што ќе се одржи во Белград од 29 јули до 9 август.