Сара Букти и Емил Нилсен се МВП на сезоната!

Денеска за време на ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите во Виена, беа избрани и најкорисните играчи за штотуку завршената сезона.

ЕХФ ги објави идеалните тимови во машка и женска конкуренција во текот на оваа недела, а денеска беа прогласени и МВП.

Кај мажите за МВП беше прогласен голманот на Барселона, Емил Нилсен, кој стана европски првак со каталонскиот гигант, а ова лето се сели во унгарскиот Веспрем.

Кај дамите за МВП беше избрана Сара Букти, кружниот напаѓач на Мец, која беше МВП и на Ф4 турнирот во ЛШ, а ова лето се сели во унгарскиот Ѓер.

За најдобра млада ракометарка беше избрана Лилу Борг од францускиот Мец, додека најдобар млад ракометар е Франциско Кошта од португалскиот Спортинг Лисабон.