Ракометарите на Вардар ќе играат во групата Б од Лигата на шампионите против екипите на Нант, Мелсунген и Висла Плоцк.
Стартот на новата сезона во најелитното европско клупско натпреварување ќе биде на 9/10 септември.
Вардарци ќе стартуваат со гостување кај актуелниот освојувач на трофејот во Лигата на Европа, германскиот Мелсунген, кој е предводен од екс стратегот на „црвено-црните“, Роберто Гарсија Парондо.
Прв гостин во Скопје ќе биде францускиот Нант, додека групната фаза ќе биде заокружена со гостување кај истиот тим кон крајот на октомври.
Овој распоред е провизорен и мора дополнителнот да биде потврден од ЕХФ, а можни се промени поради германските и француските екипи.
Лига на шампиони, распоред на натпревари:
1 коло, 9/10.9.2026, Meлсунген – Вардар
2 коло, 16/17.09.2026, Вардар – Нант
3 коло, 7/8.10.2026, Вардар – Висла Плоцк
4 коло, 14/15.10.2026, Висла Плоцк – Вардар
5 коло, 21/22.10.2026, Вардар – Мелсунген
6 коло, 27/28.10.2026, Нант – Вардар
Вардар ги дозна ривалите во Лигата на шампионите – еве против кои ќе игра!























