Кадетите на Еурофарм Пелистер на турнир во Белград

Кадетската екипа на Еурофарм Пелистер од 26 до 29 јуни ќе биде дел од „Бебето Летен Куп“ во Белград.

Ракометарите од генерацијата 2010 година ќе играат во групата А, а за ривали ќе имаат четири екипи.

Станува збор за српските екипи Нов Белград и Вождовац, како и за израелските екипи Макаби Ришон Ле Зион и Хапоел Кирјат Оно.

На овој традиционален турнир, кој се одржува по јубилеен, десетти пат, ќе учествуваат 68 екипи од седум земји.